Екатерина Захариева за односите со Македонија: Немаме интерес да продолжиме по истиот начин уште 25 години

од desk3
189 прегледи
Немаме интерес да продолжиме по истиот начин уште 25 години. Интересот е да ги зближиме позициите и да работиме за нашата заедничка европска иднина. Ова е историска посета и останува сосема малку до потпишувањето на договорот. Ова го изјави Екатерина Захариева, вицепремиер на правниот реформи и министер за надворешни работи во коментар за средбата меѓу премиерите на Бугарија и Македонија.
Доверба меѓу двајцата премиери беше прикажана на високо ниво, но и треба да се работи на оваа доверба. Факт е дека Бугарија е добронамерна. Историски работите се случија, почнавме да го применуваме несклучениот договор  однапред со посетата на споменикот на Цар Самоил, рече министерот за надворешни ни министер, мислејќи на поклонувањето што Бојко Борисов и Зоран Заев го направија пред споменикот во Софија.
 Захариева потсети дека “во текот на годините имаме добри практики и подобра апсорпција на прекуграничните програми кои се исклучително важни бидејќи тие се врската помеѓу пограничните општини.” Министерот појасни дека за 2016 година имавме над 500 илјади.туристи од Македонија и 350 илјади Бугари кои ја посетиле Македонија. “Луѓето се блиски и зборуваат, прашање е оваа близина да стане полесна за нив”, додаде министерот. Нема да биде лесно на Владата на Македонија. Со години водената антибугарска политика е факт, политичари и наујчни работници имаат таква свест, но пораките доаѓаат од политичарите. Ајде конечно да заврши овој бесмислен спор. Европска иднина значи вкупно празнување на нашата заедничка историја, дополни Захариева.

Слични содржини