Екипи на ЕВН влегоа во Арачиново

од Vladimir Zorba

Екипи на ЕВН денеска влегоа во скопско Арачиново со цел да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја.

Поради безбедноста на своите вработени, кои постојано биле вербално и физички напаѓани, ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи во Арачиново. Дефектите се случувале, како што тврдат од ЕВН, поради постојаното крадење на струја.

Екипите на ЕВН кои влегоа во Арачиново, насекаде низ селото затекнале кабли за струја и други докази за кражби. Според пресметките на компанијата, во селото годишно се краде струја вредна шест милиони евра.

Според договорот, кој беше постигнат со посредство на министерот за економија Крешник Бектеши, струјомерите во Арачиново отсега ќе се поставуваат надвор, пред куќите, за подобра евиденција и контрола на користењето на електричната енергија од страна на надлежните.

Процесот на преселба на струјомерите ќе трае една година.

Слични содржини