Екипите во Серија „А“ се согласија за намалување на платите

од Vladimir Zorba

Фудбалските клубови во италијанска Серија „А“ денес се договорија да ги намалат платите на своите тимови за една третина доколку сезоната не заврши поради кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот.

Лигата денеска одржа итен состанок, бидејќи не беше постигнат договор со фудбалскиот сојуз. Италијанското здружение за фудбалери сè уште нема потпишано договор за намалување.

Наводно, 19 од 20 клуба се согласиле да ги намалат платите за една шестина, што е еднакво на две месечни плати ако заврши првенството, а ако првенството не заврши, тие се согласија да ги намалат своите плати за третина, што е еднакво на четири месечни плати.

Единствениот клуб кој не гласаше беше Јувентус, бидејќи „црно-белите“ веќе постигнаа сличен договор со играчите на кратењето на платите.

Лигата соопшти дека договорот вклучува плати на фудбалери, тренери и членови на стручен персонал и дека клубовите ќе дефинираат договори директно со своите членови.

Натпреварите во Серија „А“ беа прекинати пред скоро еден месец, по наметнувањето на карантин од страна на италијанските власти. Преостануваат уште 12 кола, а четири натпревари се одложени за викендот на 22 февруари. Исто така, не се одигра реванш-дуели од полуфиналето на Купот.

Слични содржини