Еко активност во знак на одбележување на Светскиот ден на чистењето

од Vladimir Zorba

Генералниот директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Душко Весковски, ја поддржа и се приклучи на светската иницијатива по повод одбележување на Светскиот ден на чистењето.

Граѓанската активност во знак на одбележување на Светскиот ден на чистењето се одржа кај Студентскиот дом „Гоце Делчев“. Кон оваа иницијатива се приклучија голем број на граѓани давајќи гo својот придонес за расчистување на оваа локација.

„Никогаш не се сомневајте во група на добри луѓе кои се решени да го променат светот. Навистина сум среќен со постигнатиот резултат од денешната акција за чистење со која го одбележавме Светскиот ден на чистењето. Чистата животна средина треба да биде наше секојдневие. Ги поддржувам овие иницијативи и акции, но истовремено и повикувам на одговорност и зголемување на јавната свест за одржување на чистотата во нашето маало, нашиот град, нашата држава“ – изјави Весковски.

Слични содржини