83 % од локалното население кое живее во општините кои гравитираат на Шар Планина, смета дека ова планинско подрачје треба да биде прогласено за Национален парк, јавува Телма.

download (70)

Сличен е процентот на испитаниците, кои одговориле дека природата на овој планински предел не е заштитена.Ова се дел од резултатите добиени од 410 испитаници од 30 населени места.  Истражувањето покажало дека голем дел од населението веќе е свесно за придобивките од Шарпланинскиот масив, во случај да биде прогласено за заштитено подрачје.

Истражувањето покажало дека населенито очекува позитивни промени врз развојот на нивниот регион, ако Шар Планина се прогласи за Национален парк, пишува Телма.

83 % од испитанците сметаат дека планината има потенцијал за развој на планинскиот туризам а речиси сите анкетирани граѓани, изразиле желба производите од Шара да ја имаат назнаката ЕКО производ.

Слични содржини