Екс претседателот на Перу побарал азил во амбасадата на Уругвај

од desk2

Поранешниот претседател на Перу Ален Гарсија побарал азил во дипломатската мисија на Уругвај во Лима, само неколку часови откако судијата му го побарал пасошот поради истрага за корупција.


Перуанското министерство за надворешни работи наведува дека амбасадорот на Уругвај го информирал дека екс претседателот Гарсија влегол во амбасадата и побарал заштита , пренесе АП.

Судот во Лима инаку претходно го одобрило барање на обвинителот на Гарсија да му се забрани излегувањето од земјата во следните 18 месеци се додека обвинителството ги истражува наводите дека екс претседателот примил мито од бразилскиот градежен гигант „Одебрехта“.

Оваа компанија се нашла во центарот на најголемата латиноамериканска корупциска афера , откако „Одребехта“ во договор со американското министерство за правда во 2016 година призна дека подмитувала официјални државни претставници низ Јужна Америка при што исплатила околу 800 милиони долари во замена за големи инфраструктурни договори.

Овој голем скандал довел до апсење на голем број на високи политичари низ села Јужна Америка, посебно во Бразил и Перу. Инаку покрај Гарсија уште двајца екс претседатели Олјант Умала и Алехандро Толедо се под истрага поради примање мито.

Слични содржини