Екс шефот на Кривичен, Панчевски правосилно осуден за мобинг

од Vladimir Zorba

Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда, изречена во „граѓанскиот“ суд, кој претходно утврди дека разрешениот судија Владимир Панчевски вршел психички притисоци, односно мобинг врз вработениот Горан Стаменковски, пренесе Правосудство.

Судот констатирал дека Стаменковски бил психички вознемируван од Панчевски кој во тоа време ја извршувал функцијата претседател на скопскиот кривичен суд. Имено, согласно пресудата Панчевски, своето изживување го манифестирал така што на сега оштетениот без да му врачи решение распоредување на ново работно место, а врз основа на задолжение, го присилил да работи на голем број предмети, со краток рок на извршување.

Жртвата на Панчевски била јавно деградирана, исмејувана и омаловажувана, а за неа била поведена и дисциплинска постапка. Пресијата врз Стаменковски започнала во аптрил 2016. година кога Панчевски, врз основа на фотографија којашто му била дадена од МВР, на протест на „Шарената револуција“, меѓу граѓаните кои протестирале, го препознал тужителот Стаменковски. По ова, Панчевски започнал со првичните притисоци кон Стаменковски, кому, во два наврата, му изрекол и дисциплински мерки: парична казна од 15 отсто од плата.

Против Панчевски се води судска остапка за злоупотреби со системот „Акмис“, а во тек е уште една кривична постапка за други тешки кривични дела.

Слични содржини