ЕКСКЛУЗИВНО: Генерална проба за поставување на македонското знаме пред седиштето на НАТО (ВИДЕО/ФОТО)

од Vladimir Zorba

Пред седиштето на НАТО се прават последните подготовки за подигнување на знамето на Македонија како 30. членка на Алијансата.

Во седиштето на НАТО во Брисел од 15 часот, ќе биде организирана церемонија на подигање на македонското знаме, на која се планира да ѝ претходи слична свеченост во Врховната команда на НАТО-сојузничките сили за трансформација во Норфолк во Вирџинија, САД.

„Членството на Северна Македонија во НАТО ќе доведе до подобра интеграција, демократија и безбедност во целиот регион. Членството на Северна Македонија исто така потврдува дека останува отворена вратата и за сите други земји, кои сакаат и можат да ги остварат реформите потребни за достигање на НАТО стандардите“, наведе американскиот државен секретар Мајк Помпео преднеколку дена.

Тој нагласи дека влезот во НАТО претставува врв на напорите правени во текот на многу години од Владата и народот на Северна Македонија за членство во Алијансата.

НАТО
НАТО
НАТО

Слични содржини