Експеримент во Берлин: Забава без маски и дистанца со 2.000 луѓе

од Берта Китинска

Шест ноќени клубови во Берлин викендов ги отворија вратите за околу 2.000 луѓе без маски и без ограничувачки мерки, како дел од експерименталниот пилот проект за да се утврди дали тестирањето за „Ковид-19“ може да спречи уште едно затворање на ноќните клубови во Берлин.

За да бидат примени во пилот-проектот наречен Club culture Reboot, сите учесници мораа да имаат негативен резултат на PCR тестот, најсигурен и најчесто користен метод за откривање присуство на коронавирус.

Околу 20 клубови се пријавија да учествуваат во овој проект, кој беше инициран од Министерството за култура во Берлин и специјалисти од градската болница „Шарите“, и според организаторите, на сите учесници ќе им се плаќа такса за тестирање.

Шесте избрани клубови беа избрани врз основа на системот за вентилација што го имаат, градските области во кои се наоѓаат и музичкиот жанр што го негуваат за своите посетители.

Идејата на студијата е да се утврди како безбедно да се отворат ноќните клубови без никој да се зарази.

Слични содржини