Експерти го открија најдоброто време за одење на спиење

од Stefanija Kuzmanovska

Веќе имаме слушнато дека за квалитетен сон е многу важно секогаш да се будиме во исто време, дека температурата во просторијата треба да биде до 18 °C и дека треба да отстраниме од околината сè што го нарушува нашиот мирен сон. Неодамна, експертите открија уште една многу важна ставка до која мора да се придржувате ако сакате да се разбудите одморени наутро, а тоа е – времето во кое одите на спиење.

Како што известува Bright Side, најдобро би било да легнете во 22 часот. Рано легнување има многу позитивни ефекти врз телото и умот.

Ќе се одмориме квалитетно. Прво, најдлабокиот и најмирен дел од нашиот сон е помеѓу 22 и 2 часот по полноќ, што значи дека најдобро ќе го искористиме со рано легнување. Исто така, една студија покажа дека одењето на спиење порано помага да се запрат негативните и загрижувачки мисли што можат да не држат будни ноќе.

Телото се враќа во форма. Кога сме во длабок циклус на спиење, нашето тело се лечи само со производство на хормони за раст и поправка. Оваа клучна активност ќе осигури дека сме во најдобра форма за следниот ден, особено кога станува збор за луѓе кои се физички активни.

Стресот е намален. Недоволниот сон може да создаде екстремно високи нивоа на хормонот на стрес кортизол во вашето тело, што потоа создава вознемиреност. Кога ќе го намалите тоа ниво со помош на квалитетен одмор, ќе имате повеќе енергија во текот на денот.

Подобра контрола над чувствата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои спијат доволно часови обично се посреќни во животот. Кога немаме доволно длабок сон, нашите емоции можат да бидат нестабилни затоа што е потешко да се контролираат. Исто така, спиењето порано може да значи порано будење, што може да биде важно ако сакаме да фатиме повеќе дневна светлина и серотонин за да го подобриме расположението.

Слични содржини