Експерти: Граѓаните да се заштитат од каматите на извршителите, да не наликуват тие на лихварство

од Destan Jonuzi

По најaвите на Народниот правобранител, Насер Зибери дека ќе иницира законски измени со кои извршителите нема да можат да пресметуваат казнена камата на долг, која ја надминува сумата на главниот долг, од Комората на извршители на Република Северна Македонија не ја оспоруваат промената на Законот за облигации на делот на каматите но имаат и свои барања за промена на Законот за извршување.

Од здружението „Стоп за грабежот“ пак, бараат да се острани затезната камата од Законот за облигациони односи, а експертите за човекови права бараат да се штитат граѓаните од лихварство.

Ванчо Марковски – претседател на Комората на извршители на РСМ во изјава за „Локално“ вели дека ако одлучи државата да ги промени каматите, нема никаков проблем за нив.

Ванчо Марковски

Ванчо Марковски

– Ние не сме законодавец, и нас не формирала државата, така да, ако одлучи државата да се менуваат каматите, ние ќе го почитуваме тоа. И ние бараме промени на Законот за извршување, но заради практична примена што некои одредби ни создаваат проблеми на терен, изјави Марковски.

Според Ана Глигорова од „Стоп за грабежот”, затезната камата треба да се одстрани од законот за облигациони односи, и да постои само онаа камата која е на доверителот.

Ана Глигорова

– Веќе е направена една промена на Законот за облигациони односи во 2021 година, кога се додавеше еден член во законот каде стои дека каматата не би смеело да ја надмине главнината или основицата на долгот. Но затезната камата останува од необјасниви причини, затезната камата е огромона. Ако се отстрани оваа камата би било одлично. Значи треба да се менува Законот за облигациони права во делот на каматите, изјави Глигорова за „Локално“.

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска смета дека овој предлог е во насока на тоа високите камати да не се во согласност со целокупните стандарди во тоа што значи недозволување на лихварски однос.

Маргарита Цаца Николовска

Маргарита Цаца Николовска

– Облигационите односи се односи кои што произведуват одредени права и обврски. Ова е конкретно заштита на одредено сопственичко право кое е екзистиционално право, право да опстанеш. Од друга страна ова што го бара Омбудсманот е нешто кое што порано исто така постоеше во правната регулатива во Југославиа и Македонија во насока на тоа дека вакви високи камати не се во согласност со цеокупните стандарди во тоа што значи недозволување на лихварски однос, и затоа каматата кога ќе го стигне главниот долг Омбудсманот бара да се прекине тука со пресметување на камата, изјави Цаца-Николовска за „Локално“.

Таа додава дека, каматата е обврска која што укажува дека треба да се извршуваат побарувањата, меѓутоа не во таква насока да ги доведе во прашање егзистенционалните права на човекот.

-Лично мислам дека овој закон е во насока на заштита на човековите права, чии права истовремено треба да се споредат и со правата на оној кој ја бара таа камата, нагласи таа.

Насер Зибери

Народнот правибранител Насер Зибери иницијативата за промена на Законите за облгациони односи и за извршување ќе ја достави до Владата. Во двата закони, Зибери предлага да се додаде член кој предвидува да престане пресметката на казнената камата кога ќе се достигне сумата од главниот долг на граѓанинот кој е даден на извршител.

Омбудсманот Зибери очекува поддршка.

– Се надевам дека Владата, но и Собранието, односно пратениците, сериозно ќе ја разгледаат истата и за брзо време ќе заживее во пракса, особено сега во време на економска криза во која сите секојдневно се соочуваме со пораст на цените, пред сè на основните прехранбени продукти, комуналиите и другите услуги, со што се загрозува егзистенцијата на граѓаните, изјави Зибери.

Омдусманот сподели пример на граѓанин даден на извршител. За долг од 2010 година од 6.000 евра, извршувањето почнало по три години. За три години извршителот пресметал казнена камата од дополнителни 12.700 евра или двојно поголема камата од главниот долг.

Д.Ј.

Слични содржини