Експерти наведоа кога очекуваат нов бран на пандемијата: „Вториот пик би можел да биде полош од првиот“

од Stefanija Kuzmanovska

Коронавирусот повторно ќе се појави кога ќе заврши летото – речиси се сигурни некои експерти за заразни болести, но не знаат колку ќе биде сериозна ситуацијата.

Светската здравствена организација (СЗО) понуди хипотеза за тоа како би можел да изгледа коронавирусот во следните неколку месеци.

Додека сè уште живееме во времето на првиот бран на пандемијата, а бројот на заболени сè уште расте, бројот на заразени лица би можел нагло и значително да се зголеми во секое време, пренесува Си-ен-ен.

„Може да дојде до друг бран на овој начин“, рече Мајк Рајан, извршен директор на Светската здравствена организација во понеделникот.

Нов пик на инфекцијата ќе значи ненадеен скок на случаи, кој може повторно да ги преоптовари здравствените системи и еветуално да предизвика повеќе смртни случаи.

Вториот пик би можел да биде полош од првиот, а дали ќе има зголемување на случаите во есен зависи од тоа што правиме сега.

Во сценариото на вториот пик, случаите на коронавирус би се појавиле нагло и брзо додека не достигнат нов максимум, веројатно по период во кој стапката на инфекција е прилично стабилна.

Во вториот бран, инфекциите постепено можат да се развиваат и да погодат различни региони во светот во различни периоди.

Токму за време на вториот пик, многу поголем број на луѓе би можеле да бидат заразени со коронавирус во исто време, за време на сезоната на грип, што би довело до голем притисок врз здравствените системи, наведува Си-ен-ен.

Слични содржини