ЕКСПЕРТИТЕ ИЗНЕНАДЕНИ: Кина го зголеми својот извоз за 60% во првите два месеци од годинава

од Vladimir Zorba

Кинескиот извоз на стоки се зголеми за 60,6 проценти во првите два месеци од оваа година, во споредба со истиот период минатата година, откако фабриките започнаа со работа, а светот полека се отвора.

Извозот се зголеми за 468,9 милијарди долари, покажаа денешните податоци на кинеските царини, што претставува пораст што не го предвидоа ниту економски експерти, објави АП.

Увозот, исто така, се зголеми за 22,2 проценти, на 365,6 милијарди долари.

Извозот во САД се зголеми за 87,3 проценти во првите два месеци од оваа година, иако поранешниот претседател Доналд Трамп воведе санкции за Кина.

Слични содржини