Експертите предупредуваат итно: Овој симптом на Ковид 19 ретко кој споменува, но внимавајте на јазикот

Симптомите што предупредуваат на коронавирусна инфекција и појава на болест ковид-19 со почетна треска и аносмија се шират во низа посилни и послаби симптоми.

Иако лекарите сè уште истакнуваат дека сувата кашлица, отежнато дишење, висока температура, општа малаксаност и аносмија (губење на мирис и вкус) се најчестите индикатори на болеста, некои не толку вообичаени симптоми се појавуваат сè почесто.

Така, британскиот научник, професор по генетска епидемиологија на Кингс колеџот во Лондон, Тим Спектор, предупреди на симптом кој се јавува се почесто, и не е наведен на „официјалната листа“ на симптоми, пренесува Зимо.

Едно од пет лица со ковид-19 сè уште има помалку познати симптоми кои не се наведени на официјалната листа – како осип. Исто така, забележавме зголемен број на „Ковид јазици“ и чудни рани во устата. Ако имате чудни симптоми или само главоболка и замор, останете дома, напиша Спектор на својот профил на Твитер.

Иако симптомите на ковид-19 во усната шуплина не се спомнати точно, научниците веќе предупредувале во неколку наврати за невообичаени нарушувања за кои пациентите кои се опоравиле од ковид-19 пријавуваат неколку месеци по болеста.

Така, во една статија објавена во Советодавниот совет за перио-импланти се наведени петте најчести симптоми на ковида-19 на кои треба да обрнат внимание стоматолозите и ортодонтите. Овие се првенствено гингивитис, или воспаление на непцата, за кое постои сомневање дека влијае на сериозноста на болеста ковид-19 кај некои пациенти. Потоа, тука е сува уста, што се јавува поради отежнато дишење, но и поради инфекција на жлездите со коронавирус. Тие, исто така, предупредуваат на чиреви во усната шуплина што се јавуваат поради нарушувања на циркулацијата и оштетување на крвните садови за време на болеста Ковид 19. Тие предупредуваат и на голем број пациенти кои доаѓаат со исецкани заби поради зголемена манифестација на бруксизам, односно компресија на вилицата и забите, а која се јавува како резултат на зголемен стрес предизвикан од пандемијата.

И, конечно, на веќе добро познатото губење на чувството за мирис и вкус, за кое е откриено дека се јавува во просек кај половина од страдалниците.

Слични содржини