Експертите се обидуваат да утврдат како: Излечени од коронавирус повторно се заразиле

од Nikola Popovski

Јужнокорејските власти соопштија дека 91 пациенти кои биле излекувани од вирусот се повторно позитивни, а експертите се обидуваат да утврдат како се случило тоа.

Џеонг Еун-кјонг, директор на Центрите за контрола и превенција на болести, рече дека вирусот е поверојатно да се „реактивирал“ отколку што пациентите повторно биле заразени.

Сепак, останува нејасно што го предизвикува овој тренд, а епидемиолошките студии се во тек.

Меѓународната заедница истражува дали оние кои го прележале коронавирусот може повторно да се заразат. Државите се надеваат дека оние кои оздравеле развиваат имунитет што ќе спречи повторување на пандемијата.

Зборувајќи за 91 пациент во Јужна Кореја, каде има 7.000 излечени, Ким Ву-Јо, професор по заразни болести во универзитетската болница Гуро, посочува дека ова е само почеток и оти бројката ќе расте.

И Ким исто така смета дека е поверојатно на пациентите болеста повторно да им се вратила, отколку да се повторно од заразени.

Други експерти тврдат дека виновници можат да бидат и неисправни тестови, како и дека остатоци од вирусот сè уште можат да бидат во телата на пациентите, но не се заразни и не претставуваат опасност за другите.

– Постојат различни толкувања и многу варијабли“ рече Јунг Ки-САк, професор по белодробни болести на универзитетската болница Халим.

– Владата мора да смисли одговори за секоја од овие варијабили, додаде тој.

Јужна Кореја денеска информира за 27 нови заразени, што е најмалку од февруари кога имаше и до 900 случаи на ден. Градот Даегу, каде избувна епидемијата, нема нови случаи за првпат од февруари.

Слични содржини