Експертка за секс: Овие три пози најмногу ги разочаруваат жените!

од Nikola Popovski

Некои пози во сексот се премногу „извикувани“, a во никој случај не заслужуваат да се зборува толку многу за нив. Експертка за врски и секс од Америка откри кои три пози се најлоши за жените.

Д-р Емили Морс (50) од Мичиген сподели три пози на Инстаграм за кои смета дека се многу полоши отколку што се зборува – особено за жените.

-Постојат неколку активности во сексот кои звучат многу позабавно отколку што навистина се. Секако, тие можат да изгледаат добро во порно филмовите, но во реалниот живот тоа не е случај. Добриот секс е оној во кој се чувствувате добро, не само оној што изгледа добро. Сексуалните сценарија кои во теорија изгледаат забавно, но во пракса се ужасни, особено за жените се: секс под туш, поза 69 и обратна каубојка – рече Морс.

Таа ги прашала своите следбеници на Инстаграм дали се согласуваат со нејзиното мислење и дали има некои други сексуални активности што ќе ги додадат на листата

Некои коментираат дека сексот на плажа е прилично ужасен, додека други го кажале истото за секс во базен или џакузи. Еден додал дека е најлошо за него кога некој сака да менува пози на секои 10 секунди.

Сепак, имаше и такви жени кои во никако не се согласувале со Емили.

–  Позата обратна каубојка е одлична за мене – искоментирала една жена за позата во која жената седи на мажот свртена со грб. Друга додала дека ѝ се допаѓа позата 69, кога двојката лежи еден над друг и орално се задоволува , но и сексот под туш, доколку има доволно простор, пишува The Sun.

Слични содржини