ЕКСПЛОДИРА ПАТНИЧКИ АВТОБУС во Русија, има тешко повредени (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Патнички автобус експлодира вечерва во градот Воронеж во централна Русија, додека во него имало 30 лица. Експлозијата се случила на улицата Колцовска, недалеку од автобуската постојка.

Пет лица се повредени во експлозијата на минибусот во центарот на Воронеж, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од полицијата.

Во близина на местото на експлозијата има голем трговски центар.

Силна експлозија се случила кога патниците се качиле во автобусот.

Според неофицијални информации, најмалку 12 лица се повредени, меѓу кои и жена чии нозе биле откинати од експлозијата, според медиумите.

Вицегувернерот на регионот Воронеж за медиумите изјави дека, засега, ова не се смета за терористички акт.

Слични содржини