Експлозии одекнаа во Ерусалим, се огласија сирените

од Vladimir Zorba

Експлозии одекнaa во Ерусалим, по што се огласија сирени. Тоа се случи наскоро откако исламистички „Хамас“, кој владее со Појасот Газа, упати ултиматум до Израел денес, барајќи повлекување на сите израелски безбедносни сили од планината Темпл и арапската населба Шеик Џарах во Ерусалим до 18 часот по локално време.

Палестинците приведени во текот на изминатите денови од конфликтот, исто така, се бара да бидат ослободени во истиот рок. Звукот на истреланите ракети се слушна во Газа пред да се огласат сирените, а подоцна следуваше нов оган. Нема извештаи за повредени или штети веднаш.

Израелските медиуми објавија дека се истрелани седум ракети кон Ерусалим и Беит Шемеш, дека едната била пресретната, дека другите паднале на ненаселена област, дека дополнителен бараж бил насочен кон градовите на југ и дека бил погоден празен автомобил на границата со антитенковска ракета.

Слични закани, како што е ултиматумот на „Хамас“, упатија „Исламски џихад“ и „Народниот фронт за ослободување на Палестина“. Военото крило на „Исламскиот џихад“ соопшти дека денеска истрелало 30 ракети кон јужниот израелски град Сдерот, но израелската армија сè уште не потврдила колку ракети ја погодиле територијата на Израел денес, пренесува Танјуг.

Слични содржини