Експлозија на бомба во Лион, осум повредени

од desk2

Во центарот на Лион на улицата Виктор Иго, експлодира бомба меѓу плоштадот Белкур и железничката станица Лион-Пераш, околу 17 часот и 40 минути, јавува дописникот на МИА.

Според министерството за внатрешни работи има осум повредени лица.

Експлозивната направа била ставена во патничка торба. Овој трговски дел на градот е целосно опколен од страна на силите на редот.

Префектурата на Лион ја потврди експлозијата и бара поради безбедност на граѓаните да го избегнат овој сектор.

Слични содржини