Експлозија во лондонското метро, на луѓето им се изгорени лицата

од desk2

Во експлозија што се случи во воз на лондонското метро потврдено е дека неколку патници имаат изгореници на лицето, јави “Metro”, пренесе Reuters.


Полицијата соопшти дека работи на инцидентот на станицата “Parsons grin” во западниот дел на Лондон и дека полицајците се упатени таму. На лице место има и возила на итна помош.

Од полицијата сооптено е дека се свесни за информациите кои се пренесуваат на социјалните мрежи, но дека ќе излезат со конкретни информации кога ќе бидат сигурни во нивната прецизност.

Во прекин е сообраќајот на подземната железница меѓу станиците Ерлс Корт и Вимблдон, бидејќи тие возови поминуваат низ станицата каде имаше експлозија.

Единствена слика од лице место е онаа на која се гледа запалена кеса во канта. Како што наведува BBC не се гледа местото на експлозијата.

На социјалните мрежи се појавија фотографии надвор од станицата, каде се гледаат луѓе во паника како излегуваат од станицата.

Слични содржини