Експлозија во Подгорица, убиено едно лице

од Milan1

Едно лице загина во експлозија на возило во подгоричката населба Толоши, неофицијално соопштија од полициската управа, информираат црногорските медиуми.

Телото на жртвата е на неколку метри од возилото, а видливи се и делови од автомобилот кои биле разнесени од силината на експлозијата. Возилото е целосно уништено.

На терен се инспектори и поголем број полициски службеници. Обезбедено е пошироко место, а форензичарите ги испитуваат трагите.

Полицијата истражува дали се работи за организиран криминал.

Според подгоричкиот портал „Борба“, убиен е Јасминко Шаховиќ од Цетиње, кој своевремено бил доведен во врска со претепувањето на адвокатот Лазар Аковиќ, поранешен судија на Вишиот суд.

Слични содржини