ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПОЈАСОТ ГАЗА: Дали војната продолжува? (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а 10 се повредени во експлозија која денеска разнесе куќа на пазар во Појасот Газа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Засега не е позната причината за експлозијата, пишува АП.

Експлозијата во областа Ал Завија уништи големи делови од куќата, а ги оштети и околните згради и продавници.

Екипите на цивилната одбрана и полицијата успеаја да го контролираат пожарот што следеше по неа.

Инцидентот се случил на третиот ден од Курбан Бајрам, празник што означува крај на светиот месец Рамазан.

Израелската армија соопшти дека не учествувала во експлозијата, велејќи дека кризата е „внатрешна работа во Газа“.

Слични содржини