ЕКСПЛОЗИЈА ВО ШВЕДСКА: Три жени тешко повредени, најмалку 25 во болница (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Околу 25 лица беа примени во болницата по експлозија во станбена зграда во Гетеборг рано утрово, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата ТТ.

Експлозијата се случила утрово околу 5,00 часот во центарот на градот, а потоа избувнале пожари во неколку згради.

Порталот Devdiscourse.com пренесува дека во болницата има помеѓу 20-50 лица, и дека најмалку тројца се тешко повредени. Ројтерс пренесува дека станува збор за три жени. Локалната болница соопшти дека три жени постари од 60 години се тешко повредени.

На лице место има 15 единици на противпожарната служба и 11 амбулантни возила, објави „Индипендент“.

Шведската полиција евакуираше околу 100-200 граѓани кои живеат во таа област, објави Devdiscourse.com.

Полицијата соопшти дека отворила истрага, а засега нема осомничени. Итните служби објавија дека работат на гаснење на пожарот во зградата. Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Погодени се неколку станови и скали.

Противпожарната служба соопшти дека го примила извештајот за експлозијата нешто пред 5 часот наутро. Жителка од областа рече дека силен звук ја разбудил во 4.30 часот.

„Индипендент“ наведува дека Шведска во последните години се бори со криминални банди и дека ривалските групи користат експлозиви и огнено оружје за решавање на конфликти.

Слични содржини