Експлозија во зградата на „Лидл“: Има повредени! Евакуирани 100 лица

од Берта Китинска

Сомнителна пратка-бомба експлодирала во седиштето на трговскиот ланец Лидл во Некарсулм, Германија.

Во експлозијата се повредени три лица, потврди локалната полиција за германските медиуми. Повредените се пренесени во болница, а 100 лица се евакуирани од зградата во Хајлброн.

Ова е втор ваков инцидент за два дена во таа земја.

Полицијата не коментираше дали експлозијата е поврзана со инцидент што се случил во вторникот, на 60 километри оддалеченост од местото на денешната експлозија, кога се случила и детонација во една компанија.

Слични содржини