Екстремисти во САД намерно шират коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Екстремни расистички групи, вклучително и неонацисти, ги охрабруваат своите членови и симпатизери, кои се заразени со коронавирусот, да ја шират заразата меѓу полицајците и Евреите, според доверливи документи од ФБИ.

– Членовите на екстремистичките групи меѓусебно се охрабруваат да го шират вирусот, доколку се заразени, преку телесни течности и лични интеракции, објави „Ал Џезира“.

ФБИ, откако дознал за намерите на овие екстремисти, веднаш презеде акција. Локалните полициски сили се известени дека полициските службеници се изложени на ризик да бидат испрскани со телесни течности при улични патроли.

Екстремистите, исто така, им даваат директива на следбениците да ја шират заразата кај Евреите со „одење на места за собирање, вклучувајќи продавници, полициски канцеларии, бизнис објекти…“.

ФБИ не сака да зборува многу за алармот што го покренаа, а во специјалната изјава се вели: „Теренските канцеларии на ФБИ рутински споделуваат информации со локалните безбедносни сили, помагајќи да се заштитат заедниците во кои служат, како и да се соберат информации во специфични околини“.

– Антивладините групи во САД сакаат да ги имаат како мета безбедносните сили, што е симбол на авторитет за нив. Жално е што во услови на државна криза, тие се обидуваат да ги постигнат овие цели, велат од Здружението на федерални безбедносни сили.

Истрагата за однесувањето на екстремистите преку интернет откри дека тие секоја недела праќале пораки, во кои ги обвинуваат Евреите и еврејските лидери за коронавирусот, но и за воведување мерки на претпазливост за спречување на ширење на заразата, што не е опфатено со активности на Владата.

Тие ја шират идејата дека Евреите го создале коронавирусот за да можат да продаваат вакцини и ги повикуваат приврзаниците да ја шират инфекцијата во еврејските заедници и меѓу безбедносните сили.

– Така белите супремацисти, неонацисти и други слични организации шират дезинформации и иницираат насилство преку интернет платформите, вели Мајкл Мастерс, кој го предводи телото што ја координира безбедноста на еврејските организации и синагоги низ САД.

Слични содржини