Еквадорските власти: Асанж ставаше измет по ѕидовите на амбасадата

од desk2

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж „ставаше измет на ѕидовите од еквадорската амбасада“ во Лондон, пред денеска од таму да биде изнесен, и да биде уапсен од британските власти.

 

Оваа информација ја сподели министерот за внатрешни работи на Еквадор, а еквадорскиот претседател, Ленин Морено, порача дека Еквадор не се плаши и дека заканите и агресијата на Асанж нема да дадат плод. Тој објасни дека Еквадор едноставно изгубил трпение со господинот Асанж.

„Еквадор е гостопримлива земја и нација која ги дочекува луѓето со отворени раце. Нашите институции признаваат владеење на законите и меѓународните закони, како и институцијата за азил. Еквадор како суверена држава, азил може да даде на кого сака и кога сака“, рече Морено.

Денеска беше објавено дека агресивното однесување на Џулијан Асанж, неговите закани по безбедноста на Еквадор, довеле до укинување на неговиот азил во Еквадор. Така што му е укинат азилот кој го доби во 2012 година. Министерката за внатрешни работи на Еквадор изјавила дека Асанж ставал измет на ѕидовите на амбасадата во Лондон.

Властите на Еквадор соопштија дека шест години и десет месеци луѓето на Еквадор ги штителе човековите права на Асанж и ги плаќале сите негови потреби во амбасадата во Лондон.

„Кога станав претседател ја наследив оваа ситуација, а Еквадор во меѓувреме цело време ги исполнуваше своите законски обврски кон Асанж“, објасни Морено.

Како што наведе Морено, Асанж го правел спротивното, кршејќи го договорот, особено наредбата да не се меша во внатрешните работи на други држави. Но, последниот случај што се случи годинава, кога „Викиликс“ во јавност пушти доверливи документи на Ватикан, фрли сомнеж на Асанж, дека и натаму е вмешан во работата на „Викиликс“.

Еквадор поради тоа изгубил трпение со него. Претседателот на Еквадор нагласи дека побарал од Велика Британија да не го екстрадира Асанж на ниту една држава во која би бил подлегнат на мачење или убиство.

Слични содржини