Ел Чека најавува протест, ги покани Села и Касами

од desk2

 

„Бомбашот“ Ел Чека ги кани Зијадин Села и Билал Касами на протест против Заев и Ахмети. На новиот фб-профил, за 26-ти јули најавува протест на револтирани граѓани од „комунистичката власт“, како што ја нарекува владината коалиција. По пуштената бомба од 12 минути за случајот Мартин Нешковски, Шеќерим Ахмеди организира граѓани , со цел побрзо отворање на меѓународна истрага за Диво Насеље. Но, од БЕСА и Алијансата засега не одговараат на поканата, јави 24 Вести.

Алијанса за Албанците – Досега не сме разговарале на таа тема. Ќе оформиме став и ќе се изјасниме откако на состанок ќе го разгледаме тоа прашање.

Неговата последна бомба за Нешковски предизвика реакции и дилеми во јавноста околу прикривањето на убиството на младото момче. Се јави и Никола Груевски од Будимпешта и обвини дека во 2015-та Заев свесно извадил 9 минути кои покажуваат дека Груевски и Јанкулоска не се обидувале да го прикријат убиството, туку барале брза и независна истрага.

Во еден момент се слуша како Груевски нарачува и убиецот на Нешковски да биде снимен со лисици пред суд, исто како Љубе Бошкоски. Премиерот Заев одговори дека снимката од 3 минути била единствената која ја поседувале за овој случај и ја предале кај Катица Јанева. Неговиот советник Марјан Забрчанец на фб дообјаснува дека снимката не ја менува суштината на случајот и дека партиската полиција на Груевски го уби Нешковски.

Марјан Забрчанец- советник на Заев- Протестите во 2015, четири години подоцна, беа резултат на сеќавањето на гневот кај граѓаните за тоа што партиската полиција на Груевски уби дете на плоштад, а во тогашните и сега одново објавените разговори слушнавме како Груевски ја терал Јанкуловска да лаже дека обезбедувањето наводно не било на должност таа вечер.

Во декември 2015-та или три месеци по формирањето на СЈО, го презедоа предметот од редовното обвинителство. Но, четири години подоцна овој случај тапка во место и сеуште е во предистрага за која од обвинителството на Катица Јанева не даваат никакви детали .

СЈО – Согласно законските обврски СЈО постапува врз основа на разговорите кои беа доставени од страна на СДСМ. За овој предмет е во предистрага поради што не можеме да соопштиме повеќе детали.

Столчето на Шеќерим Ахмеди остана празно во судницата во Кичево, каде почна судски процес поради објавување на нелегално прибавени материјали. Судијката доставила барање до МВР дали Ел Чека е достапен, но одговор не добила. Тој пишува дека бомбите ги пушта прекуокеански, од Чикаго. Од обвинителството и полициајта не одговорија дали има распишано и меѓународна потерница за Ел Чека. Следното судење во судот во Кичево е закажано за 26-ти август.

Слични содржини