„Ел Паис“: Зошто Тирана, Скопје и Приштина му се додворуваат на Вашингтон?

од Nikola Popovski

Албанија, С. Македонија и Косово се борат да понудат помош за Вашингтон и НАТО, додека нивната иднина во ЕУ станува сè покомплицирана, објави шпански „Ел Паис“.

„Има статуа на Џорџ Буш во албанското село Фуше Крује, а главниот град на С. Македонија има владино седиште слично на Белата куќа. Во Приштина е поставен споменик на Бил Клинтон, претседателот на САД и Медлин Олбрајт, државната секретарка која лобирала за бомбардирањето на Србија во 1999 година. Покрај тоа, во Приштина има модна продавница наречена Хилари, со облека што го имитира стилот на Хилари Клинтон. Граѓаните на самопрогласено Косово, каде што се почесто се среќаваат имињата Клинтон или Хилари, сакаат да се претставуваат како „најпроамерикански ориентирани во светот“, пишува шпанскиот весник.

Затоа, потсетува „Ел Паис“, не е чудно што минатиот август, кога Вашингтон побара од своите партнери да помогнат во евакуацијата на цивилите од Авганистан, Албанија, Косово и Северна Македонија први во Европа се пријавиле како прифатилиште за бегалци.

„Без никакви резерви и услови“, напиша тогашната претседателка на привремените институции во Приштина, Вјоса Османи, кога ова го објави на својот Фејсбук профил.

Амнести интернешнал ја критикуваше несоодветната ситуација на бегалците кои се наоѓаат во Бондстил, најголемата американска воена база во регионот. Не е јасно дали можат слободно да се движат и што ќе биде со оние кои нема да ја поминат новата безбедносна проверка на која беа подложни оние на кои им беше сомнително при првата проверка, пренесува порталот „Косово онлајн“.

-Северна Македонија вети дека ќе прими 780 Авганистанци, се вели во текстот.

Шпанскиот весник, исто така, оценува дека брзината и опсегот на овие одговори се „последни знаци за јасна прозападна ориентација на Албанија, Косово и Северна Македонија, кои придаваат големо значење на сојузот со САД.

-Албанија влезе во Атлантската алијанса во 2009 година, а Северна Македонија минатата година, дури откако Грција го укина ветото кога привремено именуваната Поранешна Југословенска Република Македонија се согласи да го промени своето име. И таканареченото Косово се стреми да влезе во НАТО, но не може затоа што некои членки, вклучително и Шпанија, не го признаваат како држава, потсетува „Ел Паис“.

„Ел Паис“ оценува дека ова многу има врска со историјата. Од таму потсетуваат дека САД се истовремено и земја која го предводеше бомбардирањето на Србија, голем поддржувач на прогласувањето независност на Косово, симбол на албанската слобода под бруталната комунистичка диктатура на Енвер Хоџа, клучен партнер за Скопје и Тирана во НАТО, противтежна сила на Балканот наспротив влијание на Русија и Кина …

Слични содржини