Електоратот на Трамп силно поддржува нови санкции против Русија

од desk2
25 прегледи

Дури три четвртини од граѓаните во САД што гласале за Доналд Трамп на претседателските избори минатата година, поддржуваат нови санкции против Русија, покажа студија на центарот „Ванденберг“ извршено на крајот на јуни.

Околу 77% од оние што гласале за Трамп ја гледаат Русија како закана, 75% поддржуваат дополнителни санкции, а 70% велат дека е „од крајна важност да се спречи навлегување на Русија во други европски држави“.

Анкетата на „Ванденберг“ исто така покажува дека големо мнозинство од оние што го поддржале Трамп на претседателските избори – дури и оние што се приврзаници на идејата MAGA (Да ја направиме Америка повторно голема) поддржуваат силно присуство на САД на светската сцена. Дури 92% од поддржувачите на Трамп сметаат дека поддршката на глобална хегемонија на САД над Русија, Иран или Кина, го прави светот побезбеден.

Анкетата е извршена со 1.225 испитаници – подджувачи на Трамп.

Слични содржини