Електричниот Volkswagen: Поудобен од Touareg, попрактичен од Tesla

од desk2

Volkswagen го тргна превезот од својот најголем електричен модел досега што наскоро ќе биде претставен во концептно издание на салонот во Шангај.

Како што кажува самото име, моделот I.D. Roomzz доаѓа од семејството електрични модели на VW, а неговата големина навестува деа се работи за најудобното нешто што го изработиле досега.

Од компанијата велат дека „благодарение на паметната архитектура“, овој автомобил ќе има попросторна кабина, на пример од Touareg, кој моментално е најпрестижниот модел во гамата.

Конкретните бројки покажуваат дека во должина има 4.915 мм, широк е 1.890 мм, а висок 1.760 мм. Да станува збор за форма на кросовер што јасно цели на сегментот каде уште „царува“ Model X на Tesla. За разлика од него, Volkswagen нуди отворање на вратите со странично лизгање, што само ја збогатува практичноста на моделот.

Погонот го сочинуваат два електромотори што заендо даваат до 306 коњски сили максимална моќност. Благодарение на батеријата од 82 kWh дометот е околу 450 км.

Се очекува од 0 до 100 км/ч да стигнува за 6,6 секунди, а максималната брзина му е 180 км/ч.

Volkswagen реши да вгради систем за автономно управување од четврто ниво. Кога се активира автопилотот, седиштата се навалуваат за 25 степени, па кабината добива т.н. лаунџ конфигурација.

Дизајнот на кокпитот со дигитализиран управувач привлекува еднакво колку и еко седиштата обложени со рециклирани материјали.

Производната изведба може да ја очекуваме уште слдната година, заедно со уште два електрични модели I.D. Crozz и Compact I.D.

Слични содржини