Елмас: Горд сум што сум Македонец!

од desk2

Стрелецот на два гола во синоќешната победа на Македонија над Латвија со 3:1 – Елиф Елмас, на социјалната мрежа Facebook по вчерашната одлична партија напиша дека е горд што е Македонец, и го поздрави Горан Пандев, кој го одигра јубилејниот 100-ти натпревар во „жолто-црвениот“ дрес.

Елмас влезе во игра во 23-тата минута на местото на повредениот Ферхан Хасани и во 29-тата веќе реализира за 2:0, а во судиското продолжение ги потврди трите бода за нашата селекција со одличен гол, кој денеска се врти по социјалните мрежи ширум Европа.

„Гранде Пандев! Горд сум што сум Македонец“, напиша Елмас.

Слични содржини