Елон Маск е спремен да го погоди Марс со 10.000 ракети (фото)

од Nikola Popovski

Основачот на компаниите „Спејс Икс“ и „Тесла“, милијардерот Елон Маск не гледа проблем во лансирањето 10.000 ракети кон Марс со цел термонуклеарни експлозии на половите на оваа планета, со цел да се тереформира и да се создадат услови за живот на црвената планета.

Маск го напиша тоа на својата страница на Твитер, коментирајќи ја изјавата на извршниот директор на „Роскосмос“ за перспективни програми и наука, Александар Блошенко, за неопходноста од таа количина ракети со цел промена на климата на Марс.

„Нема проблем“, рече Маск.

Претходно, Маск предложил да се создадат услови за копнен живот на Марс, со спроведување на голема серија термонуклеарни експлозии на половите на оваа планета. Според идејата на Маск, ова би довело до испарување на замрзнатиот јаглерод диоксид, од кој се состојат ледените капи на половите на Марс. Испарениот гас ќе создаде погуста атмосфера, што ќе предизвика ефект на стаклена градина и зголемување на температурата.

Како одговор на ова, Блошенко изјави дека околу 10.000 од најмасовните ракети треба да бидат лансирани на половите на Марс за термонуклеарни експлозии. Сепак, според неговата проценка, не е реално да се очекува дека во блиска иднина човештвото ќе може да влијае на климатските промени и на Марс и на Венера.

Слични содржини