Елон Маск ги навреди Египќаните: Пирамидите биле изградени од вонземјани

од Vladimir Zorba

Египет го повика милијардерот Елон Маск да ја посети таа земја и сам да види дека славните пирамиди не се градени од вонземјани.

Сопственикот на „Tesla“ и „Space X“ претходно на Твитер објави дека вонземјаните учествувале во тој градежен проект и дека тоа е очигледно.

Во таа прилика реагираше египетскиот министер за меѓународна соработка, Ранија ал-Машат. Таа изјави дека доказ дека пирамидите не биле изградени од вонземјани е откриениот гроб на фараоните и египетските владетели за кои се верува дека ги изградиле, јавува Би-Би-Си.

Како одговор на Маск на Твитер, таа го покани да дојде во Египет.

Експертите тврдат дека гробниците откриени во 90-тите години се дефинитивен доказ дека пирамидите биле изградени од античките Египќани.

Слични содржини