Елон Мaск и подарил автомобил на Амбер Херд за да ја прислушкува

од Vladimir Zorba

Основачот на „SpaceX“, Елон Маск и подарил автомобил „Tesla“ на неговата поранешна девојка, актерката Амбер Херд. Меѓутоа, како што во една прилика открила нејзината мајка Пејџ, имало уреди за прислушување во автомобилот, со цел да се следи секој нејзин чекор.

Една семејна пријателка, кој бил многу близок со сестрата и мајката на Амбер, рекол дека Пејџ го сакала Џони Деп многу повеќе од Елон.

„Додека бев на посета на Витни (сестрата на Амбер), Пејџ ми рече дека Маск и дал на ќерка и „Tesla“, или неколку „Tesla“ возила, но Амбер открила дека тој поставил уред за прислушување“, рече таа.

Мајката на Амбер Херд еднаш изјави за Елон дека е опседнат со тоа да има контрола, а за Деп рече дека тој е ангел, и се надева дека Амбер и Џони ќе се смират.

Патем, Херд во моментов е во центарот на скандалот околу случајот во судот со актерот, против кого упати различни обвиненија.

Слични содржини