Елон Маск: Кина растура, Америка ќе пропадне ако вака продолжи да работи

од Aleksandar Petrovski

„Кина растура, Америка ќе почне да губи затоа што многу си дава за право, таа е самозадоволна“, рече основачот на „Тесла“ и милијардерот Елон Мaск, наспроти тензиите меѓу двете големи сили.

Маск, милијардер со потекло од Јужна Африка, кој живее во Соединетите држави, каде е и сопственик и основач на компаниите „Спејс Х“ и „Тесла“, особено ги пофали „паметните и вредни луѓе на Кина“, каде „Тесла“ отвори една од фабриките.

„Според мене, Кина растура. Енергијата во Кина е одлична“, рече Мaск на прашањето како ја гледа земјата.

Тој додаде дека „Кинезите не даваат многу на себе за право, тие не се преполни со себе, како Американците, особено на места како Њујорк, Сан Франциско и околината, или Лос Анџелес“.

Како што рече, „американската победничка низа би можела да заврши наскоро“.

„Соединетите држави, а особено Калифорнија или Њујорк, победуваат веќе долго време. Кога ќе победите долго време, мислите дека тоа е загарантирано. И тогаш, како спортски тимови кои го освојуваат шампионатот неколку пати по ред, стануваат самозадоволни и почнуваат да губат “, рече Маск.

Тој исто така се пожали дека „Тесла“ добила најмалку државна помош од сите американски производители на автомобили.

Од друга страна, како што рече, кинеската влада дава многу поддршка на оваа компанија, но не на начинот на кој го прави кога станува збор за домашните компании.

Оваа изјава на милијардерот Елон Маск дојде во време кога двете најголеми економии во светот се во судир околу разни теми, од пандемија на коронавирус, преку односот со кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“, па сè до најновата искра, кинеската апликација „Тик-Ток“.

Слични содржини