Елон Маск пристигна во Грција: Сите се прашуваат која е бринетата со него (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најбогатиот човек на светот, Елон Маск, вчера пристигна во Грција. Тој е виден на островот кој го обожаваат бројни познати личности, а стајлингот на милијардерот, како и мистериозната бринета која му прави друштво, на многумина им падна во очи.

Маск е забележан на Миконос, со бројни пријатели. За неговото доаѓање во Грција пишуваат бројни портали, меѓу другото и greekreporter.com, кој наведува дека милијардерот пристигнал во раните утрински часови, а потоа уживал на ручек во ресторан на плажата Агиа Ана Калафатис.

Оваа плажа се наоѓа на источниот брег на островот, каде што може да се види целиот комплекс на плажи. Агиа Ана Калафатис е исклучително убаво место кое нуди грст спортски активности, има и школа за нуркање, а сурферите едноставно ја обожаваат.

Порталот greekcitytimes.com потенцира дека во петокот Маск ги обвинил челниците на Твитер дека го измамиле во врска со услугите и промените на менаџерските позиции, што го објави и „Њујорк тајмс“.

Маск, кој се откажа од купување на оваа социјална мрежа, се шета низ Миконос во крајно лежерно издание – едноставни шорцеви и маица. И неговиот стил на облекување се движи од екстремно опуштен стил до елеганција, вклучително и шик издание од овогодинешната Мет Гала во Њујорк.

Милијардерот, меѓу другото, е виден на Миконос во друштво на убава бринета, а пред само десет дена се дозна дека има близнаци со директорот на неговата компанија Шивон Зивес. Така Маск стана татко на девет деца.

Грчкиот остров Миконос е омилен меѓу јавните личности, во неговиот шарм уживаа Мајкл Џордан, Серена Вилијамс, Адријана Лима и многу други од светската јавна сцена. На него се надоврзува гласината дека е резервиран за оние со длабок џеб, поради што го нарекуваат рај за богатите, иако туристите кои летувале во овој дел на Грција велат дека има бројни понуди, како за оние со поголема финансиска моќ и за оние со поскромни примања.

Слични содржини