Елон Маск виден во јавноста со новата 23 години помлада девојка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Елон Маск бил фатен во друштво на неговата 23 години помлада нова девојка, австралиската актерка Наташа Басет, додека уживале на ручек во Сент Тропе.

Двојката е видена на ручек во хотелот Шевал Бланк, каде собите чинат повеќе од 1.300 долари за ноќ. Маск (50) и Басет (27) се видени како заедно пијат вино, јадат помфрит и сталожено разговараат додека келнерите „летаат“ околу нив. Парот потоа, рака под рака, излегол од скапиот ресторан.

Тие првпат беа видени заедно во февруари, само два месеци откако Маск и Грајмс го дочекаа своето второ дете преку сурогат мајка.

Слични содржини