Елтон Џон го критикува новиот „Кралот лав“

од desk4

Светски познатиот британски пејач и музичар Елтон Џон изјавил дека римејкот на „Кралот лав“ воопшто не му се допаѓа бидејќи саундтракот не одговарал на филмот.

Според него, новиот филм бил „големо разочарување“ за него. Музичарот, всушност, компонирал и изведувал песни во оригиналната анимирана верзија од 1994 година. Според него, најголем неуспех на Дизни е музиката на новата продукција.

„Во првата верзија на ‘Кралот лав’, музиката беше составен дел од акцијата и заплетот, додека во римејкот го немаше тоа! Така вели фактичката ситуација. Саундтракот пред 25 години беше најпродаваниот албум на годината. Филмската музика помина незабележано и покрај успехот на новиот филм на бокс-фисот“, забележува Елтон Џон.

Се чини дека пејачот во последно време сака да критикува и да дава скандалозни изјави во медиумите, но и во своите мемоари. Неодамна, за кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, изјави дека бил „сериозно ментално болен“.

Слични содржини