Елтон Џон со милион долари помага на организации кои работат со ХИВ позитивни

од Vladimir Zorba

Добро познатиот британски музичар Елтон Џон стартуваше фонд за итна помош од милион долари за да им помогне на организациите кои работат со лица со СИДА или со ХИВ позитивни кои се „запоставени“ за време на пандемијата од коронавирус.

Елтон Џон рече дека неговата „Elton John AIDS Foundation“ ќе им даде пари на организации кои ќе најдат решенија за да продолжат да помагаат и да се грижат за лицата со СИДА или ХИВ.

„Дистрибуцијата на лекови, тестирањето и превенцијата не е веќе така лесно како што беше пред неколку недели“, рече Елтон Џон (73) во видеото од неговиот дом во Лос Анџелес.

Елтон рече дека неговата фондација ќе бара решенија за „специјалните предизвици“ со кои се соочуваат луѓето заразени со ХИВ или се изложени на ризик, и сега се соочуваат со дополнителни закани од коронавирусот.

Иако вирусот не се смета за посебна закана за лицата кои се ХИВ позитивни и кои примаат специфична терапија, тоа би можело да претставува поголем ризик за оние кои имаат имунолошки нарушувања или не се свесни за нивниот статус во тој поглед, велат експертите.

Слични содржини