„Елза“ направи хаос на Куба: Луѓето бегале во пештери (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Куба во неделата евакуираше 180.000 луѓе, стравувајќи дека тропската бура Елза може да предизвика големи поплави откако погоди неколку карипски острови, при што загинаа најмалку три лица.

Кубанската влада отвори засолништа и презеде мерки за заштита на културите од шеќерна трска и какао пред невремето, објави АП.

Повеќето од евакуираните заминале кај нивните роднини, а останатите во локалните засолништа.

Околу 400 жители на планинските области се засолниле во природните пештери подготвени за вонредни ситуации.

Центарот на невремето во неделата, на крајот на денот, се приближи на 20 километри од Кејп Круз, на крајниот југ на Куба, и се движи кон северозапад со брзина од 22 км на час.

Бурните ветрови достигнаа брзина од 95 км на час.

Следната „мета“ на невремето ќе биде Флорида, каде гувернерот Рон Десантис прогласи вонредна состојба во 15 окрузи.

Невремето се очекува постепено да ослабне во понеделник со движење кон Куба.

Слични содржини