ЕМА: Членките на ЕУ треба самите да одлучат како ќе постапат со вакцината на „АстраЗенека“

од Stefanija Kuzmanovska

Европските земји треба сами да одлучат како ќе постапат со употребата на вакцината на „АстраЗенека“ и поврзаните ретки згрутчување на крвта врз основа на своите стапки на инфекција и достапноста на алтернативни вакцини, објави во средата европскиот регулатор на медицина.

Неколку европски земји најавија ограничувања на употребата на вакцината на „АстраЗенека“ кај помладите луѓе поради појава на ретки згрутчувања на крвта, претежно кај жени на возраст под 60 години во рок од две недели по вакцинирањето.

Земјите треба самите да го проценат ризикот

Но Европската агенција за лекови (ЕМА) се воздржува од давање препораки, велејќи дека земјите треба сами да го проценат ризикот со оглед на локалните услови, кои многу разликуваат во блокот.

„Се трудиме да обезбедиме што повеќе информации за идентификуваните придобивки и ризици, и врз основа на тоа и состојбата со пандемијата во земјите-членки- стапка на инфекција, достапност на различни вакцини – земјите-членки можат да донесат различни одлуки за тоа кого да вакцинираат“, рече извршниот директор на ЕМА. Емер Кук на брифингот.

Кук рече дека ризикот од смрт од ковид-19 е „многу поголем“ отколку ризикот од смрт од ретки несакани ефекти.

„Многу е важно да користиме вакцини и да ја победиме оваа пандемија“, рече Кук.

Слични содржини