ЕМА објави список на симптоми кои треба да се пријават на лекар, веднаш по вакцинирањето со AstraZenecа

од Stefanija Kuzmanovska

AstraZenecа е безбедна и ефикасна и нема никаква врска со згрутчување на крвта. Одлуката беше донесена денес на вонредна седница на Комисијата за проценка на ризик на фармаковигиланцата (PRAC) при Европската агенција за лекови (ЕМА).

Покрај тоа, тие објавија симптоми за луѓето кои биле вакцинирани веднаш да одат на лекар и да ги споменат неодамнешните вакцинации.

Се работи за отежнато дишење, болка во градите или стомакот, оток или чувство на студ во раката или ногата, заматен вид, силна главоболка или главоболка што се влошува по вакцинацијата, крварење што не запира и повеќе мали модринки, црвеникави или виолетови дамки и крвави плускавци.под кожата.

На вонреден состанок, ЕМА оцени дека вакцината не е поврзана со зголемен ризик од згрутчување на крвта кај примателите и не се пронајдени дефекти поврзани со квалитетот на одделните групи на вакцини или одредени места за производство.

PRAC процени дека постои можност вакцината да е поврзана со многу ретки случаи на згрутчување на крвта поврзано со тромбоцитопенија или ниско ниво на тромбоцити во крвта со или без крварење, вклучително и ретки случаи на згрутчување на крвта.

„Причинско-последичната врска на предметните случаи со вакцината не е утврдена, така што ќе се изврши понатамошна проценка на предметните случаи“, заклучија тие.

Слични содржини