ЕМА препорачува бустер вакцини против омикрон за деца и возрасни

од Stefanija Kuzmanovska

Европската агенција за лекови препорача „видпревтин бета“ како бустер вакцина против ковид 19 кај возрасните и бустер вакцината на „Фајзер“ против омикрон кај деца.

„Видпревтин бета“ на компанијата „Санофи“ се препорачува кај возрасни кои претходно биле вакцинирани со mRNA или аденовирусни векторски вакцини.

Здравствениот регулатор на ЕУ, исто така, препорача да се одобри употребата на бустер вакцината на „Фајзер“ против омикрон кај деца, соопштија од „Фајзер“ и „Бионтек“.

Употребата на нивната бивалентна вакцина се препорачува за деца на возраст од 5 до 11 години.

Лекарите предупредуваат дека, иако општествата се враќаат во нормала, опасноста се уште не е завршена и дека вакцината е најмоќното средство за заштита од тешките форми на болеста.

Слични содржини