ЕМА реагира: Вакцината АстраЗенека е безбедна за сите возрасни групи

од Stefanija Kuzmanovska

Во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Стампа“ на 13 јуни, шефот на работната група на Европската агенција за лекови (ЕМА), Марко Кавалери, рече дека придобивките од вакцината АстраЗенека ги надминуваат ризиците, особено за популацијата над 60 години.

Од непозната причина, „Ла Стампа“ погрешно ја протолкува изјавата и објави дека ЕМА не ја препорачува вакцината АстраЗенека за лица над 60 години. ЕМА веднаш реагираше, а Кавалери во демант за Ројтерс изјави дека станува збор за погрешно толкување и дека вакцината АстраЗенека е безбедна за сите возрасни групи, особено за луѓето над 60 години.

„За жал, моите зборови не беа соодветно пренесени во интервју за Ла Стампа. Вакцината АстраЗенека има поволен профил на ризик за сите возрасни групи, особено за оние над 60 години“, изјави Кавалери за Ројтерс.

Како резултат, медиумите во Македонија пренесоа вести што беа пласирани од странски агенции, а кои содржеа неточни информации.

За таа цел, го објавуваме овој демант поврзан со дезинформации за ризиците од вакцината АстраЗенека за лица над 60 години.

Слични содржини