ЕМА: Вакцината на Pfizer може да се чува во обичен фрижидер до еден месец

од Stefanija Kuzmanovska

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на Pfizer/BioNTech на нормална температура на ладилникот од пет на 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици за спроведување на вакцинацијата.

Оваа препорака се однесува само на неотворените ампули, објаснува ЕМА.

Европскиот регулатор ја издаде својата препорака врз основа на дополнителни студии за стабилност на вакцините, поднесени на евалуација од две партнерски компании.

Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од два до осум Целзиусови степени најмногу две недели, наместо вообичаените минус 80 до минус 60 степени Целзиусови.

Слични содржини