Ема Вотсон се откажува од глумата поради нејзиниот вереник

од Vladimir Zorba

Актерката Ема Вотсон наводно се откажува од холивудскиот начин на живот за да ужива со својот вереник.

Според странските медиуми, актерката ќе паузира во глумата. Оваа вест ја потврди и нејзиниот агент, кој истакна дека Ема во моментов се откажува од актерството и дека нема да прифаќа нови деловни понуди.

Ема ја прослави улогата на Хермиона во Хари Потер кога имаше само десет години, а после тоа, улогите само се редеа. Актерката сега смета дека за неа е поважно да поминува повеќе време со нејзиниот вереник, бизнисменот Лео Робинтон, со кого е во врска околу година и пол.

Нејзиниот вереник, според странските медиуми, наводно заработува со продажба на легална марихуана во Калифорнија.

Извор близок до парот за странските медиуми изјави дека не е исклучено Ема и Лео да сакаат да го прошират семејството.

Слични содржини