ЕМА започна со тестирање на лек против Ковид-19

од Vladimir Zorba

Ден откако Европската комисија презентираше стратегија за развој на лекови против Ковид-19, Европската агенција за лекови (ЕМА) започна со континуирано испитување на еден лек, објавија денеска од Комисијата.

Тоа е сотровимаб, моноклонално антитело развиено за лекување на болеста Ковид-19.

„Континуирана студија иницирана од ЕМА ќе ја процени ефективноста, безбедноста и квалитетот на сотровимабот во спречување на хоспитализација и смрт“, рече Комисијата.

Континуираното тестирање е побрзо од редовното бидејќи податоците се анализираат веднаш штом пристигнат.

Ако ЕМА го препорача овој лек на крајот од испитувањето, Комисијата ќе го одобри многу наскоро.

Европската комисија во четвртокот ја претстави стратегијата за развој на лекови против Ковид-19 што предвидува одобрување на три лекови до октомври оваа година, со можност уште два да бидат одобрени до крајот на годинава.

Слично на развојот на вакцините, Комисијата најавува дека ќе инвестира во истражување и иновации, во идентификување на нови ветувачки лекови и зголемување на производствениот капацитет.

Ова вклучува заедничка набавка на лекови и создавање на портфолио на перспективни лекови, како и потпишување на пред-договори со производителите, како што е направено со вакцината Ковид-19.

Комисијата објави дека ќе создаде портфолио од 10 потенцијални лекови против Ковид-19 и до јуни годинава ќе ги идентификува петте најперспективни.

Досега е одобрен само еден лек ковид-19, ремдесивир, во Европската унија. Светската здравствена организација заклучи дека ремдесивирот не е ефикасен кај потешките форми на Ковид-19.

Слични содржини