Ембид: Како најдобар играч на светот…

од Vladimir Zorba

Коментирајќи ги неговите настапи против Бруклин Нетс и неговиот настап во Ол стар натпреварот, Џоел Ембид се прогласи за „најдобриот играч на светот“.

Камерунскиот центар на Филаделфија 76-ерс против Нетс постигна 39 поени и 16 скокови, а Филаделфија го совлада Бруклин со 112:104 по продолжение ноќта четвртокот наспроти петокот.

„Како најдобар играч на светот, јас само имам намера да продолжам да излегувам секоја вечер и да играм со полна сила, да се обидам да победувам и да ја освојам титулата“, рече Ембид (25), цитиран од ЕСПН.

Слични содржини