Емили „етикетирана“ како лоша мајка: „Го држиш детето како вреќа ориз“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Емили Ратајковски се пофали на Инстаграм со фотографиите со нејзиниот син Силвестер Аполо, но не очекуваше дека ќе биде мета на критики поради тие фотографии.

Манекенката позираше во бикини, држејќи го својот син во рацете, а штом ги објави фотографиите, многумина коментираа за начинот на кој го држи детето и ја осудија за тоа.

„Треба да му ја држиш главата“, „Го држиш детето како вреќа ориз“, напишале нејзините следбеници, а Емили потоа ги исклучи коментарите за објавата, која досега собра над 1.200 коментари.

Но, се чини дека на многумина не им пречеше фотографијата, која и покрај лошите коментари има скоро 2 милиони лајкови.

Но тоа не ги спречи критичарите, па тие продолжија да ја коментираат на Твитер.

„Го носиш тоа кутро дете како чанта“, „Го држи детето како да е багаж за на плажа, а потоа го забрани коментирањето“, се само некои од коментарите на Твитер.

Познатиот британски водител Пирс Морган исто така се приклучи во коментирањето на фотографијата на манекенката и ја осуди.

„Вака не се носи дете и не треба да охрабруваш милиони твои следбеници да го прават истото. Со задоволство ќе ти дадам совет ако ти треба“, напиша тој.

Слични содржини