Емили Ратајковски ги објави голите фотографии кои настанале во ноќта кога фотографот наводно сексуално ја злоставувал (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Познатата манекенка Емили Ратајковски (29) го обвини фотографот Џонатан Ледер, изјавувајќи дека тој сексуално ја нападнал за време на снимањето во неговиот дом во Кеткилс во 2012 година.

Фотографиите направени во тоа време ги објави Ледер во колекционерското издание Ледер / Ратајковски во 2016 година, а Емили тврди дека Империјал Издаваштво и фотографот кој подоцна ја фотографирал и наводно ја нападнал не смееле да ги објавуваат тие фотографии.

Познатата манекенка ги објави споменатите фотографии кога позираше за Џонатан во долна облека во 2013 година, на нејзиниот профил на Инстаграм истата година и напиша: „Секогаш е забавно да се гледа својата работа. Џонатан Ледер за магазинот Дариус”.

Како што наведе во исповедта таа наводно пиела вино и се фотографирала целосно гола. Откако завршило снимањето и шминкерката заспала, манекенката се чувствувала будна и многу пијано. Таа и фотографот се покриле со ќебе на каучот, а тој, според неа, започнал да ја испрашува за момчињата и ја гледал како ги масира нозете за да се стопли.
– Тој рече дека му се допаѓа тоа што го правам со нозете, јас јасно го паметам тоа. Мразев да коментирам нешто што го правев за да се утешам. Повеќето од она што се случи подоцна е во магла, но добро се сеќавам како се чувствував. Не се сеќавам како се бакнував, но се сеќавам на неговите прсти во мене, одеднаш. Тој ги туркаше сè посилно, како што никој и не ме допрел дотогаш и оттогаш. Чувствував сè одвнатре и навистина ме болеше. Инстинктивно, го фатив за раката и му ја извадив од мене. Не зборував. Тој стана и се качи по скалите во темнината – наведе таа.

ПР на издавачката куќа Империјал Издаваштво зборуваше по обвинувањата на Емили, изјавувајќи дека нејзините обвинувања се лажни.

– Длабоко нè потресоа последните (лажни) тврдења на г-ѓа Ратајковски, кои таа ги даде во „Њујорк магазинот“ во желба за публицитет. Г-дин Ледер ги негира нејзините обвинувања дека ја “злоупотребил”. Тажно е што таа е толку желна за одмазда што ги лаже новинарите – изјави ПР за „Пејџ Шест“.

– Дали сте свесни за кого зборуваме овде? Таа девојка беше гола во списанието „Treats!“ и се појави гола во спотот на Робин Тајк. Дали навистина верувате дека таа била жртвата? – изјави Ледер за „Њујорк магазинот“.

Слични содржини